Rentl е шведски старт – ап којшто на корисниците им овозможува на лесен начин да изнајмуваат најразлични предмети.
“Споделувањето работи е добро за околината, станувате поекономични и заштедувате простор во домот. Rentl веќе има задоволни клиенти и бележиме континуиран раст“, велат од Rentl.
Најчесто предмети за изнајмување може да бидат: алати, машини, најразлична опрема…
Овој старт – ап за споделување предмети успеа да собере 190.920 евра од 196 инвеститори на глобалната платформа за групно финансирање, Fundedbyme.