Tим научници на швајцарската прехранбена компанија Nestle откри начин како да се намали количината на шеќер во чоколадите без да се промени вкусот.
“Ова важно истражување е инспирирано од природата и има голем потенцијал да го намали користењето на шеќерите за 40% во нашето вкупно производство. Нашите научници изнајдоа комплетно нов начин да се користат традиционални и природни состојки“, изјави Стефан Катциас, одговорен технолог во Nestle.
Од компанијата велат дека во тек е патентирање на овој изум, а од 2018 година ќе почне да користи шеќер во кондиторските производи што брзо се разградува.
Истражувањето е дел од напорите на компанијата да го намали нивото на шеќер во нејзините производи.