Швајцарската автомобилска и дизајнерска компанија Rinspeed, претстави иновативен самоуправувачки автомобил којшто има интегрирана градина поставена пред шофершајбната.
Oasis e двосед којшто се движи со помош на два електрични мотора, а тркалата ротираат со речиси нула радиус, што е овозможено од специјалниот агол на воланот. Автомобилот изобилува со застаклени површини, што му дава футуристички изглед.
Минијатурната градина, во којашто може да се сместат мали бонсаи дрвца, остава впечаток на добро опремен дом бидејќи во внатрешноста на автомобилот има шкаф, фотелја и телевизор. Подот на автомобилот е изработен од дрво, а за спојување на деловите се користеле иновативни лепила. Тркалата на Oasis се изгравирани со ласер.
Освен што е економичен и еколошки, овој автомобил во исто време е опремен и со современа технологија што ќе го олесни возењето на патниците. Oasis прима гласовни и команди со гестикулации, а воланот може да се претвори во тастатура.