Дизелот поскапува за три, бензините за 2,50 денари

40

benzin

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините ќе поскапат за 2,50 денари, па еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 64,50 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 66,50 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде повисока за три денари и ќе изнесува 51,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2,50 денари и ќе се продава по 40 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,172 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.11.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,033 ден/кг.