Вип: Најевтини разговори од странство кон дома и 50% пониска цена за интернет комуникација

76

vip

Во пресрет на новогодишните празници и зимските одмори, Вип воведува нова роаминг промоција со која на своите корисници им овозможува најевтини разговори од странство кон дома и слободна интернет комуникација, со дури 50% намалена цена за роаминг интернет пакети, соопштуваат од телекомуникацискиот оператор.

Со оваа најнова промоција сите корисници на Вип, за само 9,9 денари за минута можат да се јават од странство кон сите мрежи во Македонија и да раскажат за своите зимски доживувања.

Сè што требa да направат корисниците е да го впишат *123* пред секој повик во следниот формат *123*389XХХХХХХХ# каде што ХХ е бројот којшто сакаат да го повикаат. По ова корисниците добиваат повик и поврзување со бараниот број.

Понудата е автоматски достапна за сите Vip Припејд и Vip Постпејд корисници без дополнителни трошоци за активација. Листата на земји од којашто Вип корисниците можат да се јават и да зборуваат најевтино од странство со цела Македонија е достапна на www.vip.mk.

Дополнително, Вип воведува промоција со која сите Вип Постпејд корисници своите зимски доживувања можат да ги споделат и онлајн при патувања низ Европа по двојно пониска цена за интернет пакети. Доколку изберат еден од Vip Roam Surf пакетите за месечна претплата од 199,5 денари за 20MB или 349,5 денари за 50MB односно за 200MB и 500MB во земјите каде се достапни операторите на Телеком Австрија Групацијата: A1 Телеком во Австрија, M-tel во Бугарија, Vip mobile во Србија, Si.Mobil  во Словенија, Vipnet во Хрватска, Telecom во Лихтенштајн и Velcom во Белорусија.