Хрват дизајнира кутија за таблети направена од отпадно дрво

175

kutija

Хрватот Матија Кашнер одлучи да направи дизајнерска кутија за таблети користејќи отпадно, ниско квалитетно дрво. За проектот по назив ipallet4.me, веќе подготвува кампања за јавно финансирање во април следната година. Кашнер ја ангажира хрватската компанија Evolve, чиј тим го дизајнираше производот и сега е во завршна фаза, пишува Netokracija.

“На светскиот пазар веќе постојат низа квалитетни производители на дрвени кутии за паметни телефони и таблети, но разликата е во тоа што конкуренцијата користи висококвалитетно дрво за изработка, додека ipallet4.me создава нова вредност на дрвото со низок квалитет“, вели Кашнер.

palet

За изработка на еко – пријателската кутија, освен дрво користи и магнети и рециклирана ткаенина што се лепи во внатрешноста, со што таблетот ќе биде заштитен од можни оштетувања.

Засега ipallet4.me се концентрира на iPad и Samsung таблетите, а ако кампањата биде успешна, Кашнер планира да го прошири портфолиото и да произведува кутии за паметни телефони и часовници. Тој има намера да купи машина и да започне сопствено производство и да вработи личности со инвалидитет или без работно искуство.