Вселенско јајце – новото седиште на ЕУ вредно 320 милиони евра

58

eu-glavna

Новото седиште на Советот на Европската унија и Европскиот совет беше претставено минатата седмица во Брисел. Градбата колоквијално наречена “вселенско јајце“ поради обликот во централниот дел, ќе служи за работа на овие институции бидејќи досегашната зграда Justus Lipsius е премала за потребите на ЕУ.

evropa2

Постепеното преселувањето на двете институции во новата градба ќе биде завршено следната година, а зградата вреди 320 милиони евра.

Централниот дел на објектот се состои од три простории за самити и средби од големи размери со над 30 кабини за преведувачи, кафетерија и околу 250 канцеларии. Изградбата на новото седиште е одобрена во 2004 година, кога е одлучено сите самити на Унијата да се одржуваат во Брисел, а не во седиштата на земјите членки.

evropa3

Зградата Европа е проектирана од конзорциум од европски архитектонски компании вклучувајќи ги Samyn and Partners, Studio Valle Progettazioni и Buro Happold. Нејзината изградба е во целост финансирана од буџетот на ЕУ. Архитектот Philippe Samyn користел 3.750 дрвени профили за прозорци на северната и источната страна од објектот, со цел да го промовира рециклирањето на материјали и да му оддаде почит на европското културно и занаетчиско наследство, пишува Dezeen.

drvo