Spar ги презема продавниците на Billa во Хрватска

82

spar-hr

Трговскиот ланец Spar ги презема сите 62 продавници на ланецот Billa во Хрватска, заедно со вработените. Аквизицијата е заклучена на 15 декември, а преземањето ќе биде затворено по одобрувањето на Агенцијата за заштита на пазарна конкуренција. Купопродажната цена останува деловна тајна, пишува Т-Портал.

Spar во Хрватска работи од 2005 година и е во 100% сопственост на австриската Spar Österreichische Warenhandels-AG. Ланецот има 19 хипермаркети и 38 супермаркети, а вработува околу 3.000 работници.

Billa во Хрватска работи од 1999 година. Член е на REWE Group, основана пред 79 години како здружение на самостојни трговци, а денеска е интернационален концерн што работи во 14 земји.