Капитал банка одбележа 20 години постоење на македонскиот пазар

60

kapital-banka-20-godini

Капитал Банка одбележа 20 години постоење на македонскиот пазар со пригоден настан што се одржа во хотел Мериот, на којшто присуствуваа голем број на пријатели, клиенти, соработници и акционери на банката.

“Почнувајќи од 1996 до денес 2016, низ изминатите години банката доживеа голем број на успеси и трансформации, но најважно е тоа што се одбележува 20 годишното постоење под слоганот Напредуваме заедно. Клиентите кои се со нас од самиот почеток зборуваат за одличната синергија, за нашите принципи и стратегија за работа како и за негувањето на долгорочни релации со нив“, велат од банката.

Специјален гостин на настанот беше интернационално докажаниот претприемач, експерт за односи со јавност, и бизнис автор Коста Петров, кој со својот инспиративен говор на темата Лидерството преку феноменална услуга кон клиентите во новата дигитална ера.

На настанот се обрати и Иво Прокопиев главен акционер во Alfa Finance Group, којашто е сопственик на Капитал Банка АД Скопје. Тој во својот говор ги презентираше идните трендови во банкарството и дополни дека мисијата е банката да биде од претприемачи за претприемачи и од тој аспект потенцираше дека нема проблем кој не може да се разбере и реши.

“Негувајќи ги тимските вредности покажавме дека не постои нерешлив проблем, безизлезна ситуација или било каков предизвик за кој не можеме да понудиме адекватен одговор. Тимскиот дух и тимската сила се огромно богатство што Капитал банка ја прават посебна“, изјави Игор Стојнев, претседател на Управниот одбор на банката.