Избрани победниците на Trash for art 2016

24

Заврши и овогодинешниот награден конкурс на уметнички дела од амбалажен отпад, во којшто беа избрани победниците во категориите градинки, основни училишта и поединци и останати институции што ја најдоа својата инспирација во амбалажниот отпад што вешто го претворија во дела на современата уметност.

i-mesto-kategorija-gradinki

Во категоријата градинки, прво место и парична награда од 30.000 денари свои ЈУДГ Буба Мара од Скопје со делото Новогодишна елка, а второто место му припадна на ЈОУДГ Борис Трајковски од Демир Капија кои освоија парична награда од 20.000 денари за делото Девојче.

i-mesto-kateg-ucilista

Во категоријата училишта прво место и парична награда од 30.000 денари освои ОУ Мирче Ацев од Скопје за делото Златна рипка, второто место го освои ОУ Кочо Рацин од Скопје со делото Цвеќе за кое доби парична награда од 20.000 денари. Третото место го делеа ОУ Братство Единство од Охрид и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов од Скопје кои освоија по 10.000 денари за своите дела Фустан Виножитка, односно Снешко.

i-mesto-kategorija-poedinci

Во категоријата поединци првото место и припадна на Магдалена Нунеска за делото Икона Св. Никола за кое доби парична награда од 30.000 денари. Второто место му припадна на Максим Димитров за делото Орел за кое освои парична награда од 20.000 денари и третото место и 10.000 денари освои Јован Максимоски за делото Авион.

“Задоволни сме што и оваа година имавме одличен одзив на креативци, лица со магични раце и вештини за обработка и добивме импресивни творби од картон, лименки, пластични и стаклени шишиња, капачиња, конзерви и друг амбалажен отпад од кеси и обвивки. Очигледно е дека делата произлегуваат од страста и од желбата да се креира нешто корисно од отпадот, но и да се демонстрираат вештините и способностите на овие талентирани еколошки-ангажирани уметници што очигледно вложиле многу труд и посветеност во изработката. Им честитам на сите победници и им благодарам на сите учесници за одѕивот и за придонесот во овој убав и корисен награден конкурс“, изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Пакомак, со организацијата на наградниот конкурс Trash for art 2016 веќе шеста година по ред сака да ги охрабри уметниците да користат амбалажен отпад во својата уметност и со тоа да ги освестат останатите, поттикнувајќи ги на размислување како на креативен начин можат нешто старо и искористено да го претворат во нешто сосема поинакво, ставајќи го отпадот во контекст на уметноста.

Делата од Trash for art 2016 освен што во себе носат сторија за нашите обичаи и практики како општество, ќе останат како важни обележја и чувари на животната средина.