OTP банка Хрватска, хрватска подружница на унгарската OTP банка, потпиша договор за купување 100% удел во Сплитска банка, членка на групата Société Générale.
Société Générale Сплитска банка е петти најголем играч на хрватскиот банкарски пазар, а како резултат на оваа аквизиција, пазарниот удел на OTP група ќе порасне за околу 10%, стои во соопштението.
OTP банка во Хрватска е присутна од 2005 година.
Финансиското затворање на трансакцијата се очекува летото 2017, а се проценува дека процесот на интеграција би можел да биде завршен до летото 2018 година.