PlantSnap е мобилна апликација со чија помош корисникот може да идентификува различни видови на растенија, цвеќиња или дрвја.
Она што треба да се направи е да се фотографира растението и апликацијата веднаш е подготвена да го даде одговорот за неколку секунди.
Апликацијата е изработена како комбинација од научни истражувања и вештачка интелигенција, а базата на растенија е интернационална.
PlantSnap може да им биде од голема корист на ботаничарите да идентификуваат различни видови растенија, додека градинарите може да ја користат за комуникација со своите клиенти.
Оваа апликација ја развива Ерик Ралс, основач на интернет страниците RedOrbit.com, Earth.com и GreenAtom.earth.
На глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, оваа апликација доби 28.733 долари поддршка од 1.947 инвеститори.