Жито Маркети го отворија 18-от маркет во Скопје

63

zitomarketi1

Жито Маркети го отворија 18-от маркет во Скопје, а 53-ти во Македонија. Новиот маркет се наоѓа на улица Методија Шаторов Шарло, број 30, во населбата Аеродром, во близина на поликлиниката Јане Сандански. Маркетот е распространет на површина од 330 метри квадратни, со две наплатни каси и со тим од 13 вработени.

“Отворањето на уште еден во низата маркети во Скопје е само доказ за довербата која што ни ја укажуваат граѓаните во главниот град, а ние таа доверба ќе ја оправдаме преку професионалната услуга, популарната ценовна политика и широкиот асортиман на производи. Следењето на овој концепт е наш приоритет кон задоволување на потребите на нашите купувачи”, изјави Стојанче Тодороски, административно – технички директор на Жито Маркети.

Покрај големиот број презентации и дегустации, акции на топ продаваните производи и изненадувања за сите посетители, на отворањето граѓаните можеа да аплицираат и за Лојалната картичка на Жито Маркети под слоганот Навика да добивам повеќе, што на купувачите им овозможува дополнителен бенефит при пазарењето.

Новиот маркет е отворен седум дена во неделата, со работно време од 08 до 21:30 часот од понеделник до сабота, а во недела од 09 часот до 17 часот.