Во Словенија од јануари 2017 детекторите за јаглерод моноксид стануваат задолжителни

198

sl

Детекторите за откривање јаглерод моноксид во домовите, од 1 јануари 2017 стануваат задолжителни во Словенија. Детектори мора да имаат сите домаќинства што се греат на уреди коишто при согорувањето користат воздух од просторијата во која се наоѓаат – камини, шпорети и уреди за централно греење на течни и цврсти горива (јаглен и дрва), пишува Дневник.

Детекторите дејствуваат како еден вид аларм што се активира ако регистрираат присуство на смртоносниот јаглерод моноксид во просторијата.

Првите знаци на труење со јаглерод моноксид се главоболка, малаксаност и конфузна состојба, а смрт настапува кога присуството во крвта ќе достигне 60%. Овој гас е без боја, мирис и вкус и затоа човечките сензори не можат да го регистрираат.

Обврската за инсталирање на вакви уреди е одредена со правилник донесен пред три години, а стапува на сила на првиот ден од 2017 година. Казните на почетокот не се одредени, а целта е со детекторите значително да се намали бројот на фатални случаи.