Оваа реклама е само една минута од 10-те часа што ги минуваме “залепени” за мониторите.
Пред монитор седиме 152 дена во годината, 32 години од животот, читаме, кликаме, гледаме туѓи фотографии од кафе или куче или бебе или погледот од авион…
Вака почнува рекламата на W+K Portland за Nike. Мотото на кампањата е Времето е драгоцено – зошто да го трошиме за непотребни работи, кога може да трчаме?