Истанбул сака да стане финансиски центар

42

Истанбул планира да изгради финансиски центар за 2,6 милијарди долари, кој ќе му конкурира на оној во Дубаи.
Според плановите  на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, во рок од три години облакодерите ќе доминираат во современото предградие Аташехир, кое се наоѓа на азиската страна од градот.
Во Истанбул живеат околу 13,5 милиони луѓе и е втор најнаселен град во светот по Шангај. Во градот ударнички се работи на инфраструктурата со цел обновување и намалување на пренаселеноста.
Дел од големата визија на Ердоган е да се изгради и трет мост на Босфор, кој треба да го олесни сообраќајниот метеж во градот. Се смета дека проектот ќе чини 2,5 милијарди долари и се очекува да биде финализиран во 2015 година