HandEnergy е еден од оние иновативни уреди чија цел е мобилните уреди никогаш да не останат без батерија. Станува збор за џебен генератор што создава електрична енергија со помош на движењата што ги прави неговиот корисник.
HandEnergy е изум на деветнаесетгодишниот иноватор Мајкл Вага. Тој успеа да го создаде овој уред којшто создава енергија со движење на раката. Потоа, се активира жироскоп преку којшто се произведува електрична енергија со којашто може да се наполни батеријата на било кој мобилен уред, пишува британски Телеграф.
Со секоја ротација на раката се зголемува брзината на роторот и се произведува повеќе енергија. Просечната брзина на роторот е 5.000 вртежи во една минута. На тој начин механичката енергија ја претвора во електрична.
HandEnergy на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, обезбеди 71.333 евра поддршка. Се очекува на пазарот да се најде во март оваа година по цена од 100 евра.