Фото: Pixabay
Со почетокот на година започнуваат нови работи. Логично е, не за друго, сите да си посакаме и да ни се случат убави работи.
Но, дали ќе се случат тие работи кои ни ги посакуваат или си ги посакуваме, не зависи само да посакуваш, туку навистина и да направиш сè што е во твоја моќ и знаење да се остварат. Но за да се остварат, убаво би било да:
- знаете што сакате или посакувате;
- бидете реални во своите посакувања;
- поставете приоритети;
- фрлете се на реализација.
Така, доаѓаме до најтешкиот момент, што да посакате, а при тоа да знаете дека сè што сум го напишал погоре сте го земале предвид. Затоа, при посакувањето на работи кои би сакале да ви се остварат, земете ги предвид и следниве аспекти:
- немојте да се плашите од нови работи– пробајте да излезете од комфорната зона и да си посакате нешто, па дури и да е неостварливо;
- немојте да се плашите дека нема да успеете– па со тоа да си ставате бариера за посакување на некоја желба и нејзино можно остварување;
- нови пријателства– бидете отворени кон можност за нови пријателства, немојте априори да ги одбивате или да не им дадете шанса;
- бидете отворени за промени– промени што ќе ви се случат на вас, но и на околината;
- големата слика наспроти малите достигнувања– радувајте им се на сите мали достигнувања што ве носат до големата слика, а неуспесите анализирајте ги и следниот пат бидете подобри;
- уникатни и креативни– гледајте да бидете уникатни и креативни во тоа што ќе треба да го направите за да си ја остварите желбата;
- напишано– гледајте тие неколку желби што ќе си ги посакате да бидат некаде напишани. Така имате можност да се навратите на нив и да ги проверите;
И кога сум веќе кај ова последново, нека не ве мрзи, туку земете молив и ливче и запишете си ги работите што си ги посакувате…
Со успех во промените.
Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.