Познатиот британски готвач и активист за здрава храна, Џејми Оливер планира да затвори шест ресторани од својот синџир Џејмис Италијан во Велика Британија. Рестораните во Абердин, Егзетер,Челтенхам, Ричмонд, Танбриџ Велс и во лондонскиот Лаџет Хил ќе бидат затворени во првото тримесечје на 2017 година, пишува Bloomberg.
Како главна причина се наведува одлуката на Велика Британија да излезе од Европската унија, што довело до поскапување на состојките за италијански јадења што се подготвуваат во неговите ресторани, но и трошоците за обука на вработените и намалена посетеност на рестораните.
“Затворањето на рестораните ќе загрози 120 работни места, што е помалку од 5% од вработените во овој синџир, а на работниците ќе им понудат други работни места во компанијата“, вели директорот на Џејмис Италиан, Сајмон Благден.
Оваа година Џејми Оливер планира да отвори 22 ресторани надвор од Велика Британија, вклучувајќи ги Австралија, Бразил и Русија.