Француска старт – ап компанија Wezzoo создаде паметен чадор Оombrella којшто го известува сопственикот за можни врнежи.
Овој чадор во својата рачка има вграден чип што ги распознава температурите и влажноста на воздухот во областа каде се наоѓа лицето и преку апликација за паметни телефони дава информација за временската прогноза. Направен е од материјал што може да издржи силен ветер и обилни врнежи од дожд.
Проектот на францускиот старт – ап започна минатата година како кампања на платформата Kickstarter, а компанијата ќе започне со дистрибуција на чадорот во март, откако ќе заврши и кампањата на Indiegogo.
Извршниот директор на Wezzoo, Клемент Гило, вели дека сè уште работат на тежината и материјалот на паметниот чадор, но во наредните две недели ќе има конечна верзија, пишува Mashable.
Чадорот чини 79 долари, а доаѓа во три нијанси: сјајна, црна и бела.