Alibaba планира да отвори логистички центар во Бугарија

51

alibaba-1

Кинеската компанија за продажба преку интернет – Alibaba планира отворање на европски логистички центар во Бугарија, пишува Reuters.

“Идејата на Alibaba Group за инвестирање во нашата земја е поврзана со создавање логистички центар, којшто ќе ги опслужува нарачките од цела Европа. Проектот, исто така, вклучува и маркетинг на производи и храна од Бугарија на меѓународни пазари“, стои во соопштението на бугарската Влада.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов оствари средба со претставници на три кинески компании (Alibaba Group, GS – Solar Company и GoldPoly Group), коишто се заинтересирани да инвестираат во Бугарија.

GS – Solar е заинтересирана за производство на соларни панели во Бугарија, додека GoldPoly Group е заинтересирана за откуп на тутун од оваа земја.