Labfresh е машка кошула којашто е отпорна на туткање, мириси и дамки. Станува збор за идеја на Лоте Винк од Холандија и Каспер Бренди Петерсен од Данска, кои ја патентираа INDUO технологијата, којашто овозможува памучните влакна да не пропуштаат вода, масло и бактерии.
Оваа кошула е иновативна по тоа што нема да се појавуваат нечистотии околу вратот, на ракавите и под пазувите.
Кошулите содржат 2% еластин што му дава комфор на тој што ја носи. Освен во бела, кошулата ја има и во сина варијанта.
Нејзините креатори бараат финансиска поддршка на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter. Иако првично побараа 15.000 евра, на 14 дена пред крајот на кампањата, успеаја да соберат над 78.000 евра.