Новиот продажен салон што ќе го отвори Телеком во Сити мол ќе биде единствен од ваков тип во регионот. Македонија ќе биде една од четирите земји во Европа која ќе може да се пофали со ултра модерниот интерактивен Т – салон. Салони од ваков тип до сега се отворени во Унгарија, а после Македонија, следуваат Холандија и Германија.
Главните карактеристики на новиот малопродажен концепт на Т- брендот ќе биде неверојатно и досега невидено мултимедијално искуство за секој посетител. Моќните технолошки производи и алатки кои ќе бидат на дофат на корисниците, се со ултра модерен и футуристички дизајн кои ќе овозможат ново ниво на интерактивно истражување и забава сe со цел корисникот да го пронајде она што најмногу му одговара. Просторот дава можност за побрз и поедноставен начин посетителите да се запознаат со телекомуникациски услуги и решенија на познатите брендови Т-Хоме и Т-Мобиле.
На самото отворање на 4 октомври, организаторите најавуваат изненадувања за сите посетители, информираат од компанијата.
Новоуредениот салон во Сити мол е во согласност со заложбата на Т-Мобиле и Македонски Телеком за структура и организација на Телеком продажните салони според современите потреби и барања на корисниците.