Консултантската групација Boston Consulting Group (BCG) направи анализа и листа на најиновативните компании во 2016 година.
Технолошките компании доминираат на оваа листа, па во десетте од вкупно 50 најиновативни компании влегуваат: Apple, Google, Tesla, Microsoft, Amazon, Netflix, Samsung, Toyota, Facebook и IBM.
Нови на листата оваа година се најдоа: Uber (17), Airbnb (21), Under Armour (22), Regeneron (24), Expedia (32), SpaceX (34), Hilton (37), NTT Docomo (39), Orange (44) и Bristol – Myers Squibb (47).
Најголем скок од 19 позиции забележа Facebook, а потоа следат: Dupont, Pfizer, Netflix, JP Morgan Chase и Nike.
“Технолошките гиганти долги години ги држат челните позиции на листат, а се приклучија и новите дигитални компании како што се Uber и Airbnb, што јасно покажува дека е проширена улогата на дигиталните иновации и на некои традиционални производители како што се General Electric и Daimler“, стои во соопштението на BCG.
Оттаму забележуваат дека нивната 11 по ред глобална анкета за состојбата со иновациите покажува дека најиновативните компании научија како да создадат сосема нов бизнис модел што обезбедува поголем и побрз развој од конкуренцијата.