Тим од британски и чешки научници тестираа супер ласер наречен Bivoj, што е десет пати помоќен од било кој друг ласер во светот, пишува Buzznice.
Ласерот, којшто е развиен во соработка со британскиот Central Laser Facility (CLF) и чешкиот државен проект HiLASE (High average power pulsed laser), има моќ од 1.000 вати. Ласерот има револуционерен потенцијал во областа на инженерството, за обработување на метални површини, полуспроводници и микро обработка на материјали.
Bivoj тежи 20 тони, чини 48 милиони долари и ќе има широка примена во аеронаутичката, автомобилската и енергетската индустрија.