Македонски шуми планира изградба на фабрика за пелети

70

Јавното претпријатие Македонски шуми подготвува бизнис план за изградба на фабрика за пелети, што ќе биде во сопственост на претпријатието, јавува Миа.

“Очекуваме во 2017 година да излеземе со конкретни документи и почеток на постапки и за изградба на фабриката, но и за јавно – приватно партнерство за производство на пелети за што има голем интерес“, изјави Жарко Караџоски, директор на Македонски шуми.

Тој соопшти дека веќе се изработува физибилити студија за редефинирање на стопанисувањето со дрвна маса, измена на ценовникот и воведување нова категорија – долго дрво во којашто ќе влезе производството на пелети, брикети и дрвен чипс.