Ресторан Робин Худ: Поскапа храна за богатите, за да може да јадат и сиромашните

62

restoran

Во шпанскиот ресторан Робин Худ бездомниците може бесплатно да јадат, а богатите гости плаќаат повисока цена на оброкот. Ресторанот, што е отворен во декември во Мадрид, го води 80-годишниот католички свештеник, Анхел Гарсија Родригез.

Дневно во ресторанот јадат повеќе од 100 бездомници и сиромашни луѓе во две смени, а гостите кои плаќаат имаат направено резервации за ручек до април оваа година. Некои од вработените во кујната на ресторанот доаѓаат од луксузни хотели, а познати готвачи волонтираат еднаш неделно, пишува Business Insider.

“Сакам овие луѓе да јадат со исто достоинство како и останатите гости. Со ист квалитет, со чаши од кристал и во пријатна атмосфера на дружење и разговор“, вели сопственикот на ресторанот.

Ресторанот го дели името со познатиот херојски лик опишан во поемата на Вилијам Лангланд, каде ликот Робин Худ краде од богатите за да им даде сиромашните.