Gita – робот што го следи корисникот и носи товар

69

Италијанската компанија Piaggio, позната по својот бренд Vespa, отвора подружница во Бостон под назив Piaggio Fast Forward, а прв производ на компанијата е роботот Gita дизајниран за носење на товар (намирници при пазарење), пишува CNN.

3

Идејата е помошникот Gita да ги извршува секојдневните работи за сопствениците и да ги следи додека одат или возат велосипед. Роботот има капак под којшто се наоѓа простор за оставање на намирниците што ги превезува и може да носи товар тежок до 18 килограми. Максималната брзина на движење е 35 километри на час.

Цената и датумот кога ќе биде пуштен во продажба не се објавени, а од компанијата соопштија дека годинава ќе спроведат пилот тестови.