Судот во Зрењанин донесе одлука имотот на фабриката за кондиторски производи Банини од Кикинда, на 23 март да се понуди на продажба по почетна цена од 15 милиони евра, што е половина од проценетата вредност, пишува Блиц.
Според неофицијални извори, за купување се заинтересирани повеќе купувачи од Србија и надвор од неа, а како најсериозен купувач се издвојува Јафа од Црвенка.
Банини е во стечај од април минатата година, а проблемите почнаа во 2010 година, кога фабриката се задолжи поради изградба на нов погон со цел проширување на капацитетот.
Банини е основана 1979 година. Некои од нејзините препознатливи брендови се Ноблице, Њамб, Банини колачи, Трик, Тото, Рум Касато.