Тим од научници од Универзитетот во Единбург дизајнираше фотокатализаторски материјал, што користи светлина за создавање хемиска реакција. Со помош на овој материјал, се генерираат моќни електрони што го активираат кислородот во водата и ги уништуваат штетните супстанци, како што се бактериите, пишува Fast Company.
Фотокатализаторскиот материјал може лесно да се додаде во пластично шише и да се направи евтин прочистувач на воздухот. За да може овој материјал да ја прочисти контаминираната вода нема потреба од други извори на енергија, освен сончевата.
Во најобична форма, проѕирна пластична фолија обложена со фотокатализаторскиот материјал може да се постави во пластично шише во коешто има контаминирана вода. Потоа, шишето може да се остави на сонце, по што водата ќе биде безбедна за пиење. Од друга страна, може да се користи и за третирање на отпадна вода од канализација во почетна фаза.
Тимот направи пилот проект во Индија, каде што материјалот се тестира во лабораторија, а за кратко време ќе почне да се користи во повеќе села кои се соочуваат со недостиг на чиста вода за пиење.