Македонски Телеком во месецот кога се одбележува љубовта, подготви понуди за своите припејд и постпејд корисници, стои во соопштението.
Новата припејд понуда е идеален подарок за сите вљубени и со неа корисниците за само 299 денари го добиваат Супер пар пакетот со две припејд СИМ картички, коишто имаат можност да зборуваат меѓу себе бесплатно. Дополнително, секоја СИМ картичка е со 149,5 денари вклучени за разговори, интернет, ЅМЅ или активирање пакети.
Во месецот на вљубените, освен за припејд корисниците, Македонски Телеком подготви изненадување и за постпејд корисниците. Доколку корисниците бараат нов телефон, сега е вистинскиот момент да го купат долго посакуваниот смартфон, и тоа со супер попуст. Најдобриот телефон iPhone 7 со 32 GB меморија може да се добие со 25% попуст во Smart L тарифата. Исто така, со намалена цена од 20% може да се купат и Samsung Galaxy S7 или Samsung Galaxy S7 Edge во Smart L тарифата.
Промоцијата трае до 15 февруари 2017 година, со склучен Договор за Доверба 24. Количините на смартфони од понудата се ограничени.