Компанијата Везе Шари ДОО е прогласена за Национален шампион на Р. Македонија за 2016/17 на Европските бизнис награди спонзорирани од РСМ. По првата фаза на оценување, Везе Шари беше оценета од независни судии врз основа на вредностите на Европските бизнис награди (ЕБА) за иновација, етика и успех. По ова, компанијата го продолжува својот пат кон втората фаза од натпреварот, која вклучува видео и јавно гласање.
“Како би можеле на ова престижно натпреварување да продолжиме понатаму, потребен ни е Вашиот глас за нашето видео на следниот линк: http://www.businessawardseurope.com/vote/detail-new/former-yugoslav-republic-of-macedonia/19804.
Веднаш до видеото се наоѓа дел за гласање каде треба да ја запишете вашата е – маил адреса, каде што ќе треба и да се верифицира гласот на Вашиот маил, за да може и формално да се регистрира. Со Вашиот глас сме поблиску до наградата Национален јавен победник на најголемите европски бизнис награди. Вашиот глас ни е од големо значење бидејќи ќе ни овозможи да ја промовираме и претставуваме нашата земја пред целата европска јавност”, велат од компанијата.
Овие награди се воспоставени да ја прослават успешноста во бизнисот и најдобрите деловни практики на европската бизнис заедница. Тие се поддржани од бизнис лидери, академици и политички претставници. Годинава се вклучени повеќе од 33.000 компании од 34 држави.