Тим научници од Универзитетот во Колорадо создадоа материјал што може да помогне во ладење на различни објекти во текот на летните месеци. Има способност да ги разладува објектите дури и ако е под директно влијание на сончевите зраци без да се троши енергија или вода.
Станува збор за фолија што спречува продор на топлина во внатрешноста на објектите. Овој материјал може да се користи и за разладување на термоенергетски централи за кои се трошат големи количини на вода и струја за да се одржува одредена температура.
Освен што може да се користи за ладење на објекти и енергетски постројки, фолијата може да се користи за подобрување на ефикасноста и животниот век на соларните панели.