Вкупното производство на шумски производи во државните шуми, во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на истиот период од 2015 година, е намалено за 31,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови. Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.