TippyTalk е апликација којашто сликите ги трансформира во текстуални пораки што може да се испратат преку мобилен телефон или таблет. Таа е наменета за лица кои имаат пречки во вербалната комуникација и им го олеснува начинот на комуницирање со блиските луѓе.
Апликацијата им помага на луѓето не невербален начин да ги изразат своите чувства, желби или потреби.
TippyTalk овозможува да се направат слики кои што лицето со пречки најчесто ги користи или има потреба од нив. Исто така, покрај сликата може да се сними и гласовна порака, којашто ќе ја зајакне комуникацијата.
Идејата за оваа апликација е на Роб Лафан, татко на петгодишно девојче со невербален аутизам. Поради големата желба за непречена комуникација со своето дете, Роб ја создаде оваа апликација којашто може да ја користат родители на дечиња со ваков или сличен проблем. Неговата цел е да се создаде платформа што ќе ја поттикне социјалната и комуникациската независност на луѓето кои имаат пречки во вербалното изразување.
Апликацијата е достапна на повеќе јазици и може да се преземе преку Google Play или App Store.