Макстил ланската година ја заврши со добивка од 1,6 милиони денари

46

makstil

Металуршката компанија Макстил минатата 2016 година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.681.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2015 година, компанијата прикажа добивка од 251.000 денари.

“Оствареното производство на дебели лимови во 2016 во производниот погон Валавница за дебели лимови е 239.083,6 тони што споредено со 165.190,8 тони во 2015 претставува зголемување од 44,7%, додека оствареното производство на сопствен челичен полуфабрикат, челичански слабови е 169.113,3 тони што споредено со 121.296,5 тони во 2015 претставува пораст од 39,4%. Иако станува збор за евидентен раст на произведените количини во однос на претходната година, станува збор за исклучително ниска споредбена основа која е многу далеку од инсталираниот производен капацитет во двата производни погони“, стои во Годишниот извештај за работењето на Макстил.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви декември имаа салдо од 3.663.555.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 792.475.000 денари, додека поголемиот дел од 2.871.080.000 отпаѓа на извоз.

Една година претходно, вкупните приходи од продажба на Макстил изнесуваа 3.632.151.000 денари.