Бугарија се соочува со огромен недостиг од ИТ експерти, а домашните и странските компании не успеваат да најдат доволно вработени и покрај интересот на младите за оваа професија, пишува 24 часа.бг.
Просечната плата за почетник во ИТ секторот се движи меѓу 400 и 600 евра, додека оние со поголемо искуство добиваат плата и до 5.000 евра. Проблемот е во тоа што темпото на обука на кадрите не успева да ја следи побарувачката на пазарот.
Бугарија со овој проблем се соочува подолго време, а според бизнисот долгорочно решение на проблемот со недостигот на ИТ кадри е реформа во образованието.