Мексиканската компанија за производство на текила, Herradura планира илјадниците тони отпад од растението сина агаве, коешто се користи за производство на алкохолниот пијалак, да го претвори во биомаса и така да ги намали расходите за енергија, пишува Reuters.
Раководителот на компанијата, Гиљермо Родело вели дека со сушење на 150 тони влакнест отпад од агаве што се создава секој ден и неговото претворање во биомаса за работа на котлите може да задоволи 30% од енергетските потреби на компанијата.
“Се обидуваме да ги намалиме нашите негативни еколошки ефекти и да имаме одржлив процес на производство“, вели Родело.
Иако е тешко да се најдат машини за сушење и обработка на големи количини отпад, Родело вели дека компанијата би го имала системот за година дена.