Шопингот е посебна култура исполнета со разни искуства и вредности што секојдневно ги збогатуваат чувствата на голем број на луѓе. Со купувањето на модни парчиња секој ја креира својата личност преку својот изглед. Се истакнува и ги изразува карактеристиките кои ги поседува. Капитол Мол го надополни ова искуство и на крајот од сезоната есен -зима ги изненади посетителите со организацијата на Ултра распродажба, којашто започна на 22-ри и траеше до 26-ти февруари. Во срцето на Општина Аеродром илјадници граѓани беа дел од шопинг искуството кое го понуди Капитол Мол.
Секој трага по својата уникатност и самостојност изразувајќи се преку модните парчиња и додатоци, посебно моделите и модните блогерки. Познатите македонски блогерки, Емилија Вутиновска и Дани Ѓуровска, ја потврдија специфичноста на шопингот и го посетија Капитол Мол за време на Ултра распродажбата, каде заедно со посетителите уживаа, трудејќи се да одберат од големиот избор на омилените парчиња облека и накит.
Во Капитол Мол, покрај попустите кои беа понудени, беше организирана и забава за посетителите. Настапот на познатиот ДЈ Боби го исполни центарот со музика и придонесе за раздвижена шопинг атмосфера. Во еден од најубавите трговски центри во градот, Капитол Мол беше преплавен со луѓе во потрага по своето ултра модно парче. Попустите се движеа и до 70% во скоро сите продавници и можеше да се најдат модни додатоци како часовници, декоративна козметика и облека. Љубителите на шопингот кои беа дел од ова искуство го освежија својот стил и ја надополнија својата гардероба со омилените производи.
Со години Капитол Мол посветува исклучителна грижа за сите свои посетители преку организирање на забавна програма, интересни активности и незаборавни промоции, во секој дел од годината. Секој кој го посетува Капитол Мол е сведок на уникатно и пријатно искуство, исполнето со забава, среќа и радост.