Dot – паметен часовник со Брајова азбука

52

dot Јужнокорејска иноватовна компанија Dot направи прв паметен часовник со Брајова азбука за лицата со оштетен вид. Во светот има околу 285 милиони лица со слаб вид и се очекува дека овој уред ќе го олесни животот на многумина од нив. Часовникот се поврзува со паметен телефон преку Bluetooth. Корисникот со овој паметен часовник ќе може да прифати повици и брзо да врати. Часовникот, исто така, ќе го информира од кого е дојдовниот повик, а ќе помогне и во навигација, покажувајќи го патот до одредено место, пишува International Business Times.

Ерик Ју Јоон Ким, основач и извршен директор на Dot, вели дека 100.000 часовници ќе бидат достапни од март годинава, по цена од 290 долари.

Повеќето уреди за лица со оштетен вид користат звук, а тоа на корисниците им создава проблеми, бидејќи мораат да слушалки и тогаш не ги слушаат звуците во околината што се клучни за нивно движење и снаоѓање во просторот.