Романија планира воведување налепници за автомобили што го загадуваат воздухот

51

avtomobili-na-pat-pexels

Романија планира да воведе налепници во различни бои за автомобилите коишто го загадуваат воздухот, пишува Profit.ro.

Бојата на налепниците е во зависност од тоа колку загадува автомобилот, а ќе бидат поставени на ветробранското стакло. Овој систем веќе функционира во Германија, а сега се подготвува за имплементација во Романија.

Возачите, во зависност од бојата на налепницата, ќе имаат пристап до различни области од поголемите градови.

Налепниците ќе бидат замена за актуелниот данок што се плаќа на половни возила.