Заводот за вработување на Црна Гора оваа година планира да ангажира околу 10.000 невработени на сезонски работи.
Во црногорската служба за вработување очекуваат дека годинава поодлучната борба против сивата економија ќе даде резултати, па ќе има многу повеќе регистрирани и пријавени вработувања, кои во последните неколку години во голем број остануваа во сивата зона.
Заводот започна и проекти кои имаат за цел да поттикнат поголемо учество на домашна работна сила во вработувањата. “Да вработуваме наши” е проект претставен во февруари, со цел да придонесе за поголема информираност и мотивација на невработените и работодавачите, за поголемо вработување на домашна работна сила во однос на странците.