Фото: Pixabay
Комисијата за заштита на конкуренција на Србија издаде одобрение на австриската компанијата Agrana да ја преземе компанијата Sunoco од Нови Сад, којашто е сопственик на неколку шеќерани во земјата, пишува Екапија.
“На основа на фактичката состојба утврдена во текот на постапката, Комисијата констатираше дека со спроведување на предметната концентрација нема да дојде до значајни промени во структурата на пазарот, откупот и преработката на шеќерка репа, како и производство и големопродажба на шеќер од шеќерна репа во Србија“, стои на официјалната страница на Комисијата за заштита на конкуренција на Србија.
Компанијата Agrana во Србија се занимава само со големопродажба на шеќер, но во мали количини. Инаку, оваа компанија е регионален лидер во производство на шеќер, а е дел од најголемиот производител на шеќер во Европа, германски Südzucker.
Sunoco е во рамки на MK Group, чиј сопственик е Миодраг Костиќ. MK Group минатата година објави дека потпиша пред – договор за стратешко партнерство со Agrana.