Plan bee – дрон што може да ги опрашува растенијата исто како пчелите

20

plan-bee-behance

Индустриската дизајнерка, Ана Халдеваг, создаде дрон што би можел да ги опрашува растенијата исто како и вистинските пчели, пишува Designboom.

plan-bee-behance-1

Прототипот на дронот, чие име е plan bee, е уред што го реплицира движењето и вкрстеното опрашување на пчелите. Како што пчелите го разнесуваат поленот од едно на друго растение, истото го прави и plan bee.

Дронот е во црна и жолта боја, со што уште повеќе потсетува на највредните инсекти во природата.

Print

Plan bee има камера преку која што се детектираат растенијата со помош на ултравиолетови зраци. На долниот дел има посебен уред што го вшмукува поленот од едно и го пренесува на друго растение.

Целта на проектот е да се подигне свеста за намалениот број на пчели во светски рамки поради зголемената употреба на пестициди и хемикалии.

Фото: Behance