Oreo летаа на дронови и “потонаа“ во чаши со млеко

45

oreo-na-dron

Oreo на интересен и иновативен начин го прослави Меѓународниот Oreo ден и 105-от роденден, пишува Adweek.

Пет дронови, во форма на Oreo, беа лансирани на шести овој месец во Њујорк. На нив беа поставени познатите колачиња, па секое од нив требаше да падне директно во чашите млеко што беа поставени на брод на реката Ист Ривер. Некои од колачињата беа пуштени во чашите со млеко од околу 93 метри.

Ова е дел од кампањата на Oreo, во којашто луѓето може да постават фотографии на Twitter или Instagram од тоа како ги потопуваат колачињата во млеко. Најиновативните ќе имаат можност да добијат наградно патување во Лос Анџелес или Њујорк.