Данското дизајнерско студио Kilo Design ја создаде маската Woobi со којашто ќе се заштитуваат и едуцираат деца кои живеат во области каде што има големо загадување на воздухот, пишува Dezeen.
Маската, којашто е создадена за потребите на технолошкиот старт – ап Airmotion Laboratories, е наменета за деца над шестгодишна возраст. Woobi има лесна и едноставна форма, а е примамлива за децата бидејќи е направена во различни бои.
Филтерот HEPA, поставен на маската, ги заштитува децата од 95% од штетните гасови во загадениот воздух.
Airmotion Laboratories планира да почне со пилот продажба на овие маски кон крајот на оваа година во Кина. Се очекува цената на Woobi да биде 36 евра.