Фото: Pixabay
OptimoRoute e хрватскиот старт – ап, покренат од Марин Шариќ, Фрањо Шариќ и Горан Кукољ, којшто им помага на доставувачите на храна, мајсторите, лекарите кои извршуваат домашни посети и многу други работници кои работат на терен, навреме да стигнат до крајната дестинација, пишува Јутарњи лист.
OptimoRoute е онлајн систем за планирање и оптимизација на маршрути и распоред за мобилни работници (како доставувачи). Седиштето е во Загреб, а имаат клиенти од 15 земји. Нивните услуги ги користат: старт – ап компанија за доставување на храна од Атланта, пекара од Саудиска Арабија, лондонска компанија за чистење, како и разни фирми за сервисирање.
Компанијата денес има помалку од десет вработени, повеќето се инженери, но планираат да вработат уште луѓе. Марин Шариќ, кој порано работел во Google, вели дека ги пресметуваат рутите побрзо од конкуренцијата, а нивниот систем може да ја зголеми ефикасноста на клиентите за 10%. Шариќ вели дека компанијата набрзо ќе стане профитабилна, а во план им е да дојдат до нови инвеститори за финансирање на понатамошен раст.
Минатата година во овој старт – ап инвестирале фондот за ризичен капитал од Сан Франциско Pathbreaker Ventures, лондонски Hoxton Ventures и други американски компании.