Турската компанија Суташ кој ја купи млекарата Ѕwedmilk ќе почне со производство во мај годинава и тоа на шест категории производи. Досега во компанијата се вложени 10 милиони евра и се ангажирани околу 50 вработени.
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски заедно со претставници од Владата, денес го посетија производствениот капацитет на Суташ во Македонија, Балканска млекара, за да се запозна со активностите што турскиот инвеститор ги спроведува за почеток на производството.
“Со ова очекуваме долгогодишната сага на Ѕwedmilk да биде успешно завршена. Се работи за најголемата млекара во Турција со обрт од над 500 милиони евра. Инвеститор кој го знае бизнисот и има огромно искуство во сите сегменти и одлично портфолио на производи кои во Македонија ќе бидат со навистина добар квалитет”, изјави Пешевски.
Балканска млекара, чиј капацитет за производство е 180 тони млеко на ден, за почеток планира да произведува 45 тони млеко дневно, бројот на вработени да достигне 200, како и инвестиција од пет милиони евра до крајот на годинава.