Факом во 2016 година прокнижи добивка од 18,1 милиони денари

46

fakom

Билансот на успех на компанијата Факом покажува вкупна сеопфатна добивка од 18.105.000 денари, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година.

Истиот период претходната година, Факом евидентираше добивка од 2.358.000 денари.

“Во оваа година се остварија вкупни приходи од 1.210.000.000 денари и кај истите има намалување од 6,27% споредено со истиот период од 2015 година, а вкупните расходи изнесуваат 1.192.000.000 денари и кај истите има намалување за 7,38%, споредено со истиот период во 2015 година“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – декември 2016 година, изнесуваа 1.204.090.000 денари. На домашен пазар отпаѓаат 221.738.000 денари, додека остатокот од 982.352.000 денари се од извоз.

Основна дејност на Факом е проектирање, производство и монтажа на челична конструкција и делови на конструкции, сите видови на заварени носачи и изградба и монтажа на опрема за капитални индустриски и термоенергетски објекти.