Бизнис средби на македонски и австриски компании од областа на екологијата

49

Бизнис средби на македонски фирми со реномирани австриски компании од областа на екологијата ќе се одржат денеска во Стопанската комора на Македонија. Целта на компаниите од Австрија специјализирани за производство на технологии за заштита на животната средина е изнаоѓање партнери за дистрибуција/застапништва, импортери за Република Македонија, крајни потрошувачи, нудење услуги и „ноу-хау“, фирми кои би работеле по нивна лиценца, партнери за „џоинт венчр“, истражување на производните потенцијали на македонските компании, заедничко партнерство/учество на интернационални проекти за ветерници, поставување ветерни паркови…

Во организација на деловните средби што ќе ги отвори министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, се вклучени и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија, како и Регионалната комора на Корушка од Австрија. Пред бизнис разговорите ќе се одржи презентација на тема „Технологии за заштита на животната средина“.